Неготино ја доби првата жена градоначалничка – Марија Нацева, напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.
„Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик за сите жени во нашата општина, а ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино ќе продолжиме да бидеме поддршка и двигател за нови успеси“ – истакнаа од Унијата.
Притоа и посакаа на Нацева успеси во понатамошната работа.
Во вториот круг на изборите за градоначаник на Неготино Марија Нацева освои 4.713 гласови, а противкандидатот Петар Мантев 3.966.



























