Background

Не сме се помрднале од усогласеноста со ЕУ на сметка на стратешкото партнерство со САД

Македонија гласаше за американскиот текст на резолуцијата за Украина во Обединетите Нации (ОН) врз база на три непоколебливи принципи во својата надворешна политика, а главната порака е дека Македонија смета дека сега е време за мир и за дипломатско решение за војната.

Вака извор од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одговори на прашањето во врска зошто Македонија го поддржа текстот на САД во Обединетите Нации во кој Русија не беше спомената како агресор.

Мaкедонија беше воздржана кога во гласањето беше вметната клаузулата Русија да се спомене како агресор како што бараше алтернативниот текст на резолуцијата поднесена од Украина и поддржана од ЕУ. Изворот објаснува зошто Македонија беше воздржана:

- Advertisement -
Ad image

– Меѓу повеќето земји имаше принципиелен договор дека доколку се додаде што било во резолуцијата ќе бидеме воздржани.

Изворот објаснува дека Македонија анализирала повеќе време пред да ја донесе одлуката да застане зад американскиот текст, имајќи ги предвид трите принципи од кои се води Македонија коишто се стратешкото партнерство со САД, стратешката определба за членство во ЕУ и заедничката надворешна и безбедносна политика со земјите на ЕУ.

– Шемата на гласањето беше многу јасна, целосна усогласеност со САД. Не можеме да го менуваме стратешкото партнерство само затоа што се смени администрацијата во САД. Но, истовремено, не се помрднавме ниту сантиметар од усогласеноста со ЕУ. Можете да видите дека во специфичниот момент сега и ЕУ бара од САД усогласување на ставовите за Украина – вели изворот објаснувајќи дека динамичните односи меѓу Вашингтон и Брисел не влијаат на усогласеноста на Македонија со двата партнера.

Тој потсетува дека Македонија ќе го следи својот интерес, а тоа е отпочнување преговори со Европската Унија.

– Тој процес не е сопрен – потсетува изворот коментирајќи ги негативните реакции на евроамбасадори во Македонија поради гласањето во ОН.

Ден по гласањето, францускиот претседател Емануел Макрон го посети Вашингтон велејќи дека Франција и САД ќе останат на вистинската страна на историјата.

– Во следниот период клучно ќе биде градењето на заедничкиот став на земјите на ЕУ. Самата ЕУ ги повика и земјите кои не се членки да учествуваат во процесот – брифираат од МНР.

На прашањето дали позицијата на Македонија е дека нема мир без Украина на преговарачката маса, изворот вели:

– Нема земја во светот каде што е тоа дилема во ЕУ ниту пак во САД. Самиот Зeленски најава посета на Саудиска Арабија на 10 март за да работи со американските партнери за мир во Украина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation