НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА 4-ГОДИШНОТО ДЕТЕ ШТО ПОЧИНА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското одделение во Општата болница Струга, по смртта на четиригодишното дете од Лабуништа.

Според соопштението на ДСЗИ, при инспекцискиот надзор во установата било констатирано дека станува збор за дете со потешка форма на церебрална парализа, кое покрај тоа што било чест пациент на Детското одделение, било лекувано и на Клиниката за детски болести Скопје, како и надвор од државата.

„Во врска со последната здравствена состојба, која завршила со фатален исход, детето во ЈЗУ ОБ Струга било донесено на 30 јануари годинава, кога му е поставена дијагноза J20-акутен бронхитис. Веднаш му е ординирана интравенски антибиотска терапија и инхалација со NaC и отворена му е историја на болест за престој во дневна болница. При престојот во дневната болница на 1 февруари, нотирано е дека и по ординираната терапија, кај детето нема подобрување. Направени му се РТГ на бели дробови и лабораториски анализи“, стои во информацијата на ДСЗИ.

Наредниот ден утрината, како што е образложено, детето било донесено во тешка општа состојба, бледо, адинамично, без реакции на дразба, со површни респирации и брадикардично.

„Веднаш е поставено на терапија и на кислородна поддршка, но во тек на терапијата здравствената состојба му се влошила со застој на респирации, срцева акција, како и со проширени зеници. Веднаш е започната реанимација, повикан е и анестезиолог реаниматор и продолжено е со истата, меѓутоа без реакција, и во 9.45 часот е констатирана смрт“, посочува ДСЗИ.

Со оглед на фактот дека, како што е наведено, ДСЗИ нема надлежности во делот на стручната работа на здравствените работници и на здравствените установи, согласно член 296 од Законот за здравствената заштита, до министерот за здравство ќе достави информација со иницијатива за вршење стручен надзор во врска со лекувањето и третманот на починатото дете во Општата болница Струга.

Share This Article