Не постои снимка од Жежовски на бензиска пумпа во Велес

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, Бојан Манев, не успеа да ја обезбеди снимката од бензинската пумпа „Макпетрол“ во Велес, за која тврдеше дека го покажува убиениот Панче Жежовски на 22 ноември 2023 година околу пладне, што го доведуваше во прашњет денот на убиството на Панче, кој според обвинението е убиен утрото на 22 ноември.

Судијата Ивица Стефановски го праша адвокатот на Боре, Манев, дали го обезбедил видеото од бензинската пумпа на „Макпетрол“.

– Не го обезбедив поради немање технички можности. Не го најдов доказот – рече Манев.

Обвинителката беше прашана од судот за видеото, дали тоа видео воопшто постои како доказ. Таа рече:

– Не постои видеозапис од бензинската „Макпетрол“, на кој се забележани обвинетите или оштетениот. Од таа причина по доставеното барање за доставување податоци, прибавен е и прегледан видеозаписот, но не е доставен како доказ, оти на него ги нема предметните лица.

Судијата рече дека штом доказот не е обезбеден, а одбраната мора да го обезбеди, тогаш не се прифаќа.

Откако никој друг немаше да приложи други докази, судијата ѝ даде збор на обвинителката која почна со завршните зборови.

По 10 месеци судење и триесетина рочишта денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со завршните зборови на јавните обвинителки Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска почнува последната фаза од судењето за бруталните убиства на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Share This Article