Не е изгласана резолуцијата за потврда на неговиот легитимитет

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот парламент не успеа да изгласа резолуција со која се потврдува легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски, откако на денешната седница не доби доволно гласови за усвојување таков документ, јави ДПА.

На специјалната седница на Врховната рада, свикана по повод третата годишнина од руската инвазија, резолуцијата доби 218 гласови, што е за 8 помалку од потребните 226.

Од присутните пратеници, 54 не учествуваа во гласањето, меѓу кои 38 членови од партијата „Слуга на народот“ на Зеленски.

Документот беше предложен како симболичен чин на поддршка за Зеленски, чија легитимност е оспорувана од Русија, а неодамна и од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во резолуцијата се наведува дека Зеленски бил избран на „слободни, транспарентни и демократски избори“ и дека неговиот мандат „не е доведен во прашање од украинскиот народ или од парламентот“.

Исто така, документот се повикува на член 108 од украинскиот Устав, според кој претседателот останува на функција сè додека не биде избран негов наследник.

Мандатот на Зеленскиот формално заврши во мај, но нови избори не можат да се одржат поради воената состојба во земјата.

Минатата недела американскиот претседател Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, бидејќи не одржал избори во последните години, што е теза што претходно ја промовираше и Русија.

Без јасна парламентарна поддршка, Зеленски би можел да се соочи со потешкотии во ратификацијата на меѓународни договори, како што е потенцијален мировен договор со Русија или договор за минерали со САД.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article