Background

„National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Во најновата туристичка анализа посветена на балканските земји, престижниот „National Geographic“ ја издвојува Македонија како идеална дестинација за љубителите на добрата храна, природата и автентичните искуства, при што особено внимание ѝ се посветува на скромниот, но извонредно богат гастрономски и културен идентитет на земјата.

„И покрај забележителните планини, езера и историски знаменитости, Македонија е пријатно ненаметлива и во голема мера не е погодена од масовниот туризам“, пишува National Geographic, наведувајќи го Охрид како една од најголемите атракции во земјата, благодарение на старите цркви, прошетките покрај езерото и возењата со брод.

Според текстот, вистинското откритие за патниците се руралните предели — особено националните паркови Маврово и Пелистер — каде може да се ужива во „опуштени возења со запирање кај селски таверни и тезги покрај пат со домашни производи“.

- Advertisement -
Ad image

Посебно внимание е посветено на македонската кујна, која според магазинот е „позначајно разновидна од повеќето други кујни во западен Балкан и помалку воздржана кон зачинетото“. „Ајварот е типичен пример – овој вкусен намаз од црвени пиперки и модар патлиџан може да биде прилично лут и често се наоѓа на менито во локалните ресторани.“

Меѓу традиционалните јадења се издвојува и тавче гравче, кое магазинот го опишува како „веганско национално јадење“. Покрај тоа, на пазарите можат да се најдат „планински билки, локални медови и тврди сирења со изразен вкус“ кои се дел од утринските оброци во селските гостилници.

National Geographic препорачува да се пробаат и локалните пијалаци: „Мастика“ (ликер со арома на смола од дрво) и вина од Тиквешката котлина, направени од автохтони сорти како „Смедеревка“, „Вранец“ и „Темјаника“.

Како заклучок, магазинот ги повикува читателите да се откажат од пренатрупаните плажи и да се свртат кон автентичноста на Балканот во внатрешноста, каде, како што пишуваат, „сè уште може да се пристапи до вистинска дивина“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation