Наташа Беквалац со години важи за една од најубавите пејачки во Србија и регионот, а единственото вештачко нешто што го имаше на себе беа силиконските гради.

Беквалац сега одлучи да ги отстрани имплантите од градите и да биде целосно природна, а на концерт покажа како изгледа, објавија српски „Курир“.
Таа на настапот ја воодушеви публиката и со својот глас и со својата фигура.

Долгиот, тесен фустан со отворен грб, што ја откриваше секоја линија од нејзиното тело, совршено ѝ стоеше, а предниот дел ги покажуваше нејзините природни гради, кои Наташа гордо ги претстави.
Наташа Беквалац веќе извесно време престојува во Црна Гора со своите ќерки и најблиските пријателки, а веќе неколкупати го привлече вниманието на јавноста со својот изглед и провокативните фотографии од плажа.
