Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар.
Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи- Охрид, Стефан Димоски, случајот е пријавен вчера во 15.30 часот.
– Во ОВР Дебар е пријавено дека 54-годишниот Е.С., наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираше Димоски.
Ваков настан беше регистриран минатата година во подрачното училиште во село Броштица, кое функционира во рамки на ООУ “Мустафа Кемал Ататурк” Центар Жупа.