На 27.03.2025 околу 21.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Р.Ќ.(53) од Република Албанија, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал 51 – годишна жена од Охрид во нејзиниот дом. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.03.2025 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со Г.А.(48) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека, поради нерасчистени односи од порано, се заканувал и телефонски вознемирувал 38 – годишна жена од Охрид. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.03.2025 вo 20.30 часот во Полициската станица Охрид, М.С.(44) од Охрид пријавила дека окоу 14.15 часот во средно училиште во Охрид во кое учела, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. С епреземаат мерки за расчистување на случајот.