Background

Народното собрание на Република Српска бара кривична одговорност за судиите на Судот на БиХ

Народното собрание на Република Српска (НСРС) во средата оцени дека Судот на Босна и Херцеговина изврши државен удар и целосно го урна уставниот поредок на БиХ со тоа што донесе првостепена пресуда против претседателот на РС, Милорад Додик, „врз основа на одлука на неизбран странец, Кристијан Шмит, а не врз основа на закон, усвоен од Парламентарното собрание на БиХ“.

По дводневна седница, на која се разгледуваше информацијата за „уништувањето на Уставот на БиХ – мерки и задачи за негово зачувување“, парламентот на РС усвои сет заклучоци, предложени од пратеничката група на владејачката коалиција, предводена од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).

Парламентот на РС со заклучок ги отфрли и не ги признава одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит, а ги прогласи за ништовни сите закони и одлуки на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ, пред сè Високиот судски и обвинителски совет (ВСТС), Обвинителството и Судот на БиХ, како и Агенцијата за истраги и заштита (СИПА).

- Advertisement -
Ad image

Собранието побара од Јавното правобранителство на РС да поднесе кривична пријава против сите обвинители од Обвинителството на БиХ и судии од Судот на БиХ, кои постапувале по одлуката на Шмит.

Во заклучоците се осудува постапувањето на Обвинителството на БиХ против пратениците во НСРС, а се најавува и законска забрана за работа на органи што не се дефинирани со Уставот на БиХ на територијата на РС.

Заклучоците стапуваат во сила веднаш, се истакнува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation