Народната банка очекува годинава да се остварат нејзините октомвриски прогнози за  економски раст од 3,3%, кој би достигнал 4% на среден рок

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Народната банка очекува годинава да се остварат нејзините октомвриски прогнози за  економски раст од 3,3%, кој би достигнал 4% на среден рок. Инфлацијата годинава се очекува да изнесува 2,5% додека на среден рок таа постепено да се нормализирање на 2%.

Ваквите прогнози банката ги темели на очекувањата за поповолно надворешно окружување, поволен амбиент за странски и домашни инвестиции и позитивен придонес од започнатите инфраструктурни проекти.

„Зголемената геополитичка неизвесност поради војните и конфликтите преовладува на краток рок, додека на среден рок, пак, посилната фокусираност на капиталните инвестиции, вклучително и на новиот план на Европската Унија за раст на Западниот Балкан, би ја зајакнала економската интеграција, којшто би ги подобрила економските изгледи на земјата“, оценува советот на Народна банка.

Во однос на инфлацијата од банката велат дека ризиците сè уште постојат и се поврзани со цените на примарните производи на светските берзи, но и со одредени домашни фактори коишто делуваат врз побарувачката.

Советот на Народната банка оцени дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Инфлацијата и натаму се намалува, економијата и натаму постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат.

Во Извештајот се наведува дека глобалната економија и натаму закрепнува, при пониска инфлација и поповолни финансиски услови, но сѐ уште има понагласена геополитичка неизвесност, заради војните и конфликтите, како и евентуалните трговски санкции.

Share This Article