Background

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики и мерки спроведени во време на исклучително сложени светски и домашни околности.

Во своето обраќање во Извештајот, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласува дека во овој период централната банка успешно се справи со предизвиците од пандемијата, енергетската и ценовната криза, светските геополитички тензии и со ризиците од деглобализација. Со посветеност, професионализам и знаење, Народната банка не само што ја зачува, туку и ја зајакна макроекономската и финансиската стабилност, со што даде силна поддршка за граѓаните и за стопанството.

Гувернерката посочува дека денарот остана стабилен, и покрај големите надворешни и домашни притисоци, а девизните резерви се двојно зголемени. Банкарскиот систем е посилен, со историски највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити, а кредитната поддршка за компаниите и за граѓаните и натаму се обезбедува со каматни стапки коишто за првпат во нашата историја се сведоа речиси на европските нивоа.

- Advertisement -
Ad image

Во Извештајот се бележат и најважните стратегиски достигнувања, меѓу кои: членството во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус (18-тата земја во светот); позитивната оцена од Европската комисија за усогласеноста со стандардите на ЕУ во банкарската регулатива и супервизија (26-тата земја во светот); членството во СЕПА – значаен исчекор за интеграција во европскиот финансиски простор и брзо и ефикасно извршување на плаќањата во евра, како и во европските земји и пред полноправното членство на земјата во ЕУ; воспоставувањето институционална рамка за решавање банки; историски високото ниво на девизните резерви и стабилноста на денарот, како и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија со акцент на младите, жените и ранливите групи; водечкото место на светско ниво во родовата застапеност според ОМФИФ (прворангирана централна банка во светот); високата оцена за транспарентноста од ММФ; донесувањето на првата финтек-стратегија и среднорочниот план за климатските ризици.

Извештајот претставува сведоштво за визијата на Народната банка како независна и стабилна институција, којашто придонесува за одржлива и зелена економија и за подобар живот на граѓаните.

Извештајот за работата на Народната банка во периодот 2018 − 2025 година е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-izvestaj-za-raboteneto-na-narodnata-banka-vo-periodot-2018-2025-godina.nspx

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation