Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормускиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање.
Ова е истакнато на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка Трајко Славески и директорката на Светската банка за Западен Балкан Шјиаочјинг Ју, соопшти Народна банка.
Славески нагласи дека Народната банка постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија.
– Соочени со нов бран на неизвесност, нашата цел и натаму е обезбедување стабилност во услови на динамични светски промени -рече Славески.
На средбата беше нагласено значењето на партнерството и соработката меѓу Народната банка и Светската банка во рамките на проектот за модернизација на платните системи за земјите од Западен Балкан. Притоа беше искажана силна поддршка за напорите на Народната банка за успешно завршување на процесот за зачленување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како и за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA.
-Пристапувањето на Северна Македонија кон СЕПА во 2025 година веќе дава конкретни резултати. Трошоците за трансфер се намалија за 80%, а надоместоците за трансакција од 20.000 евра се намалија од 0,33% на 0,04%. Во поширока смисла, се очекува дека со пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон СЕПА, тие ќе имаат заштеда од околу 0,6% од регионалниот БДП или околу 1 милијарда евра – рече директорката на Светската банка за Западен Балкан Шјиаочјинг Ју.
На средбата беше разгледан и напредокот на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка, а коишто придонесуваат за јакнење на механизмите за задржување на финансиската стабилност.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
