Background

Народна банка го здржува внимателниот карактер на монетарна политика

Народната банка ја задржува основната каматна стапка на 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена остануваат на нивоата од 3,95% и 4%, соопшти централната банка по седницата на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика.

На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Одборот оцени дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и присутните ризици од надворешното и од домашното окружување.

- Advertisement -
Ad image

Понудата на благајничките записи на редовната аукција ќе биде исто така непроменета, односно ќе изнесува 10 милијарди денари.

– Со ваквата одлука се задржува внимателниот карактер на монетарната политика – велат од Народна банка.

„Комбинацијата на досегашните мерки — тековните каматни стапки, промените кај задолжителната резерва и применетите макропрудентни мерки — е насочена кон јакнење на ценовната стабилност на среден рок и кон зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото“ се наведува во соопштението.

Оценето е и дека досегашните остварувања кај инфлацијата се малку над очекувањата, што покажува одредени продолжени ефекти и потреба од претпазливост.  Имено, во мај 2025 година годишната стапка на инфлација забрза и изнесува 3,3%.

„Ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат и се поврзани со продолжената неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашни фактори коишто делуваат на побарувачката“, наведуваат од НБ.

Одборот оценил и дека состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна, а економската активност во првиот квартал на 2025 година и натаму расте и изнесува 3,0%, слично на остварувањата во претходните два квартала и согласно очекувањата.

„Остварувањата во монетарниот сектор покажуваат натамошна солидна кредитна поддршка на економијата, којашто е над очекуваната динамика“, се наведува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation