Почитувани верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,
Со неискажлива духовна радост, ве покануваме да земете молитвено учество во големите и бележити настани на нашата Света Црква:
Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј – на 12 јули 2025 г., во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17:00 часот; и
Божествена Литургија со Хиротонија и Востоличување на новиот Митрополит Георгиј – на 13 јули 2025 г., во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.
Овие благословени собитија се од непроценлива важност за сета полнота на нашата Света Македонска Црква.
Затоа, да се обединиме во молитва, за еднодушно да Го прославиме Христа – нашиот Господ и Спасител