Росен Жељазков, кандидатот за бугарски премиер на најголемата пратеничка група, денеска прифати да формира влада, по предвремените избори во октомври.
Жељазков за мандатар е предложен од ГЕРБ-СДС. Тој пред претседателот на Бугарија, Румен Радев, го претстави предлог составот на својот кабинет. Радев уште денеска ќе го достави до Парламентот за изјаснување на Указот за избор на Жељазков за премиер.
– Целта на нашите консултации беше да се постигне поширок консензус. Направивме големи напори, понекогаш работејќи до доцните часови, за да ги постигнеме потребните компромиси, договор што е апсолутно неопходен – истакна Жељазков.
Предложени се тројца вицепремиери: Томислав Дончев од ГЕРБ, Атанас Зафиров од Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Гроздан Караџов од партијата Има таков народ, како и 19 министри.
Коалицијата ГЕРБ-СДС според овој предлог, ќе има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија ќе има 5 претставници во владата, а Има таков народ ќе има 4.
ГЕРБ на изборите во октомври, седми во изминатите четири години, освои најмногу гласови, околу 25%, но не успеа да формира влада.
Најдоцна 30 дена од потпишувањето на договорот за парламентарно мнозинство, ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков народ треба да подготват и да потпишат заедничка законодавна програма. Ова е предвидено во текстот на договорот за формирање парламентарно мнозинство за спроведување програма за управување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
