Напаѓачот на Фиорентина, Мојс Кин заработи повреда на главата во второто полувреме од 26. коло од Серија А на денешниот натпревар со Верона.
Во 64. минута 24-годишниот фудбалер падна на теренот и загуби свест како последица на претходен судир со друг играч. Тој беше изнесен од теренот на носилки. Вратот на Кин беше имобилизиран со специјална лонгета. Напаѓачот сега се наоѓа во болница на испитувања.
Да потсетиме, на 1 декември, друг првотимец на Фиорентиран, Едоардо Бове, колабираше на теренот за време на натпревар против Интер.
Натпреварот меѓу екипите се одигра на стадионот „Маркантонио Бентегоди“ во Верона и заврши со резултат 1:0 во корист на домаќините.