Топ Вести - Слушај сега
Во напад на украински беспилотни летала врз руското пристаниште Таман во Црното Море, оштетени се две пристаништа, цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти денеска регионалната администрација на Краснодарската област.
„Според најновите информации, нападот со беспилотни летала во пристаништето Таман оштети две пристаништа, еден од цевководите за снабдување и два танкера. На едниот од нив избувна пожар, што веќе е изгаснат. Два резервоари за складирање се исто така оштетени од падот на остатоци од дрон,“ се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми.
Службениците за цивилна заштита во јужниот регион Краснодар изјавија дека нападот во текот на ноќта бил насочен пристаништето Таман, клучната точка за испорака на нафта и течен природен гас.
Екипажите на погодените бродови се евакуирани на безбедно место, додека пожарите на бродот и во пристаништето се изгаснати, соопштија регионалните власти.
Украина зачестено ја напаѓа руската нафтена и енергетска инфраструктура како дел од својата одбрана од руска инвазија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
