Вчера во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 28-годишниот Б.Б. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во Клиничка болница Тетово физички го нападнал лекарот Н.А.(47) од с.Џепчиште, тетовско.
Како што соопшти СВР Тетово, Б.Б. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.