Топ Вести - Слушај сега
Девет лица се повредени, од кои четворица потешко, во насилен инцидент на метро-станица во главниот град на Тајван, Тајпеј, откако маж фрлил димни бомби и молотови коктели, а потоа нападнал случајни минувачи, јави официјалната Централна новинска агенција.
Инцидентот се случил на метро-станицата Џонгшан, каде што осомничениот, според властите, носел маска и намерно активирал повеќе чадни бомби, создавајќи паника меѓу патниците. По тоа, тој почнал да напаѓа луѓе на пероните и во просториите на станицата.
Тајванскиот премиер Чо Чунг-те го потврди нападот во објава на Фејсбук, наведувајќи дека осомничениот употребил и нож. Според неговите информации, пет лица биле избодени, а здравствените установи добиле насоки да направат сè што е можно за спасување на повредените.
„Осомничениот намерно фрлил повеќе молотови коктели и димни бомби, а потоа нападнал луѓе на станицата, предизвикувајќи голем број повредени“, напиша Чо.
Официјалната новинска агенција подоцна објави дека постои сомнеж дека напаѓачот извршил самоубиство по нападот, но деталите околу околностите сè уште се утврдуваат.
Во дополнително соопштение објавено околу 20:30 часот по локално време, премиерот Чо потврди дека лицето кое ги активирало димните бомби и го извршило нападот е едно и исто лице.
Мотивот за нападот засега останува непознат.
По инцидентот, претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, соопшти дека безбедносните мерки се засилени низ целиот остров. Тој најави темелна истрага и порача дека владата ќе вложи максимални напори за заштита на граѓаните.
Воедно, Лаи апелираше до јавноста да не шират непроверени информации и шпекулации поврзани со нападот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
