Родителите го сакаат само најдоброто за своите деца во секоја смисла, но понекогаш, и покрај ова, прават некои грешки што всушност можат да влијаат на развојот на нивните најмали.
Експертите за моторен и сензорен развој на децата од раѓање до три години ги објаснуваат грешките што ги прават 90 проценти од родителите, а кои влијаат на развојот на моторните функции на детето.
Замислете: вашето тримесечно бебе одеднаш се преврте на стомак и… раката му се заглави под градите! Првиот импулс е брзо да го ослободите! И тоа е сосема разбирливо. Но, понекогаш е подобро да почекате малку и нежно да му помогнете на вашето бебе само да се снајде, на пример, со нежно нишање додека го држите за карлицата за да може да ја прераспредели тежината и да ја ослободи раката самостојно.
За дете, секој мал успех е огромен чекор! Тоа чувствува: „Јас го направив тоа!“, а тоа ја зајакнува неговата самодоверба и го турка кон нови откритија. Ако секогаш правиме работи за него, мозокот не мора да гради нови „мостови“ (невронски врски) за да решава проблеми. Во овој случај, детето може да добие впечаток дека „не може да го направи тоа без мама/тато“.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.