Наместо 2 недели, Вилмор и Вилијамс останаа 8 месеци на Меѓународната вселенска станица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Илон Маск и неговата компанија Спејс икс да одат по двајца астронаути кои беа „напуштени во вселената од администрацијата на Бајден“.

Астронаутите на НАСА, Бери Вилмор и Сунита Вилијамс пристигнаа на Меѓународната вселенска станица на 6 јуни минатата година. Нивната мисија требаше да трае една недела, но речиси 8 месеци подоцна, Вилмор и Вилијамс сè уште се во вселената поради проблеми со капсулата Старлајнер на Боинг.

По лансирањето од вселенскиот центар Кејп Канаверал во Флорида, леталото успеа да се приклучи на Вселенската станица при вториот обид, поради проблеми со моторот. Покрај тоа, леталото претрпе истекување на хелиум. „Старлајнер“ се врати на Земјата без екипаж на почетокот на септември, слетувајќи во пустината во Ново Мексико.

НАСА првично најави дека двајцата астронаути треба да се вратат на Земјата во февруари оваа година, но неодамна дојде до одложување на план.

Претседателот Трамп се огласи на својата социјална мрежа „Трут соушл“.

„Само што ги замолив Илон Маск и Спејс Икс да одат по двајца храбри астронаути кои администрацијата на Бајден практично ги напушти во вселената. Тие чекаа со месеци. Илон наскоро ќе замине. Се надеваме дека сè ќе биде безбедно. Среќно Илон!!!“ напиша Трамп.

Сопственикот на Спејс икс, Маск, го сподели постот на Трамп на неговата социјална мрежа Икс со емотикон кој означува салутирање.

Share This Article