Background

Најубавата жена на светот проговори за раскинувањето на врската

Еден од најпознатите холивудски режисери, Тим Бартон, и познатата италијанска актерка Моника Белучи решија да тргнат по различни патишта по речиси три години љубов.

Двојката ја започна својата романса во октомври 2023 година, а ја информираа јавноста за раскинувањето во заедничка изјава за францускиот Elle.

– Со големо почитување и длабока грижа еден за друг, Моника Белучи и Тим Бартон одлучија да се разделат – се наведува во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Како започна љубовната приказна

Бартон, сега 67-годишен, предизвика гласини за романса со Белучи, 60, во февруари 2023 година, кога папараците ги фотографираа како се бакнуваат додека шетаат на Денот на вљубените во Санта Моника.

Во месеците што следеа, двајцата останаа дискретни во врска со деталите од нивната врска, но Моника ја потврди нивната љубов во интервју за Elle France во јуни 2023 година.

– Можам да кажам само едно – среќна сум што го запознав овој човек. Вакви средби ретко се случуваат во животот… Го познавам, го сакам, а сега ќе го запознаам режисерот, што е нова авантура – рече Белучи во тоа време.

Таа исто така додаде: „Го сакам Тим. И имам огромно почитување кон него“.

Заеднички проект и последен настап

За време на нивната врска, Бартон го режираше филмот Beetlejuice Beetlejuice (2024), во кој глумеше и Моника – тоа беше нивниот прв и единствен заеднички проект.

Нивниот последен јавен настап се одржа на 14 јуни 2024 година, на 71-от Филмски фестивал во Таормина, кога Бартон нежно ја бакна Моника пред камерите.

 

Долго пријателство кое прерасна во љубов

Двајцата уметници беа пријатели повеќе од 15 години, а шпекулациите дека започнале романса се појавија по Филмскиот фестивал „Лумиер“ во Лион во октомври 2022 година.
Моника беше почесен гостин во тоа време и му ја додели на Бартон наградата за животно дело. Медиумите пишуваа дека тие станале особено блиски тогаш, иако првпат се запознале во 2006 година на Канскиот филмски фестивал.

Претходни љубови

Пред врската со Белучи, Тим Бартон беше во долгогодишна врска со британската актерка Хелена Бонам Картер, со која беше од 2001 до 2014 година. Заедно имаат син, Били (21) и ќерка, Нел (17).
Моника Белучи беше во брак со актерот Винсент Касел од 1999 до 2013 година, а со него има две ќерки – Дева (21) и Леони (15). По разводот, таа беше во врска со францускиот уметник Николас Лефевр, од кого се раздели во 2019 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation