Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и воената администрација на главниот град на Украина.
Цела Украина беше во воздушна готовност од два часот по Гринич, откако воздухопловните сили на земјата предупредија за напад, вклучително и во регионите што граничат со Полска, принудувајќи ја членката на НАТО да приземји авиони за да се обезбеди воздушна безбедност.
– Пожари се регистрирани во најмалку три области на Киев – изјави градоначалникот Виталиј Кличко во објава на Телеграм.
Лекарите хоспитализираа двајца цивили во областа Дарнитски на источниот брег на реката Днепар, која го дели градот, додаде тој.
– Не ги напуштајте засолништата – изјави Кличко.
Очевидци на Ројтерс слушнале неколку силни експлозии за кои рекоа дека звучеле како операција за воздушна одбрана.
Посебно тешка ситуација е забележана во Оболон, каде по нападот избувнал пожар во деловен центар, а зградата делумно се урнала.