Background

Најмалку едно лице загина во напади со руски беспилотни летала во Украина

Најмалку едно лице загина, а десет се повредени во напади со руски беспилотни летала во регионите Запорожје и Харков во источна Украина во текот на ноќта. Продолжија и нападите врз украинската енергетска инфраструктура. Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека нападите покажуваат дека Москва ги презира дипломатските напори на своите партнери.

Украина синоќа повторно беше цел на напади со руски беспилотни летала. Во областа Запорожје едно лице е убиено пред куќа, објави на Телеграм шефот на воената управа на регионот Иван Федеров. Две лица се повредени.

Во Харков осум лица се повредени во напади со беспилотни летала, објави градоначалникот Игор Терехов. Гувернерот на регионот Харков, Олег Синегубов, им нареди на жителите да останат во засолништа.

- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Русија синоќа лансирала 74 беспилотни летала над Украина, насочени кон Харков, каде меѓу ранетите има три деца. Русија ги нападна и регионите Одеса и Суми со беспилотни летала, напиша тој на социјалната мрежа X. Тој додаде дека руските напади врз енергетската инфраструктура, кои оставија речиси 4.000 корисници без струја во регионите Суми и Днепро, а воздушните напади исто така продолжуваат.

„Системската и постојана природа на руските напади јасно покажува дека Москва ги презира дипломатските напори на своите партнери. (Рускиот претседател Владимир) Путин не сака да обезбеди ниту делумен прекин на огнот. Потребен е нов и опиплив притисок врз Русија за да се стави крај на оваа војна“, нагласи Зеленски.

Тој посочи и дека не треба да чекаме до 11 април, кога ќе помине еден месец откако Русија го одби американскиот предлог за прекин на огнот. „Мора да се преземе акција што е можно поскоро. Ние сме подготвени да работиме со сите наши партнери во Соединетите Американски Држави, Европа и во целиот свет на најконструктивен можен начин за да го постигнеме овој толку потребен исход – достоинствен и траен мир“, напиша тој.

Генералштабот на украинската армија во вторникот вечерта објави дека Русија во вторникот извршила 72 напади на украинска територија и лансирала 646 беспилотни летала. Руското Министерство за одбрана, пак, објави дека во текот на ноќта пресретнало и уништило 93 украински беспилотни летала, главно над регионот Курск.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation