Background

Најмалку 64 лица загинаа во најсмртоносната полициска акција во историјата на Рио де Жанеиро

Најмалку 64 лица загинаа во најсмртоносната полициска акција во историјата на Рио де Жанеиро, потврдија властите во Бразил. Операцијата, која се одвивала во фавелите Алемао и Пенја, била насочена кон големата криминална банда „Командо Вермељо“, само неколку дена пред градот да биде домаќин на глобални настани поврзани со климатскиот самит на Обединетите нации – COP30.

Полицијата во Рио честопати изведува масовни акции против организираниот криминал во пресрет на меѓународни настани. Градот претходно беше домаќин на Светското првенство 2014, Олимписките игри 2016, самитот на Г20 во 2024, како и на самитот на БРИКС годинава.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Според властите, во акцијата учествувале 2.500 припадници на безбедносните сили, со 32 оклопни возила и хеликоптери, а целта била уништување на базите на бандата и апсење на нејзините водачи.

– Стоиме цврсто во борбата против нарко-тероризмот – изјави градоначалникот на Рио, Клаудио Кастро, додавајќи дека операцијата била насочена кон „потполно уништување на криминалните структури што го држат градот во страв“.

Бразилската влада соопшти дека ова е најголемата акција досега против „Командо Вермељо“. Приведени се најмалку 56 лица, а издадени биле околу 250 налози за апсење и претрес.

 

 

Поради жестоките судири, околу 50 здравствени и образовни установи привремено ја прекинале работата, додека автобуски линии биле пренасочени за да се избегнат зоните на конфликт.

Следната недела Рио ќе биде домаќин на два големи настани – глобалниот самит на градоначалници за климатски промени C40 и награда на принцот Вилијам, на која ќе присуствуваат Кајли Миног и Себастијан Фетел. Овие случувања се дел од подготовките за климатскиот самит на ОН во Белем, кој ќе се одржи од 10 до 21 ноември.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation