Најмалку 41 градежен работник се заробени во снежна лавина во близина на границата на Индија со Тибет, соопштија денеска локалните власти.
Инцидентот се случил во близина на преминот Мана во северната индиска држава Утараханд, а 57 градежни работници првично биле затрупани под снег.
Полицијата соопшти дека спасувачките екипи досега извлекле 16 работници.
Полицијата соопшти дека тројца од нив се пренесени на лекување во воена болница, а во тек се напори за пронаоѓање на останатите исчезнати во неповолни временски услови.
Во регионот на Хималаите, кој е силно погоден од глобалното затоплување, лавините се вообичаени.