Background

Најмалку 38 лица загинале во вчерашните американски напади врз пристаниште во Јемен

Најмалку 38 лица загинале во вчерашните американски напади врз пристаниште во Јемен, објавија медиумите на Хутите.

Ова е еден од најсмртоносните денови откако САД ги почнаа нападите врз бунтовниците поддржани од Иран, пренесува БТА

Вашингтон вети дека нема да ги запре големите напади што започнаа минатиот месец во најголемата воена операција на Блискиот Исток откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, освен ако Хутите не престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море.

- Advertisement -
Ad image

Телевизијата „Ал Масира“ објави дека 102 лица биле повредени и во нападите на пристаништето за гориво Рас Иса во четвртокот. Американската војска соопшти дека „целта на овие напади била да се ограничат економските извори на моќ на Хутите”

Почнувајчи од ноември 2023 година, досега Хутите извршија десетици напади со беспилотни летала и ракети врз бродови кои минуваат низ Црвеното Море, велејќи дека ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел во знак на протест против војната во Газа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation