Најмалку 30 лица се потврдени загинати во трагичната авионска несреќа во близина на аеродромот Ахмедабад, во четврток, тврдат локални медиуми.
Дури 242 патници и 10 членови на екипажот биле во авионот што летал за Лондон.
Според извештаите, спасувачите извлекле најмалку 30 тела од местото на несреќата. Спасувачите сведочат за ужасни глетки на местото на настанот:
Според директорот на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство, авионот на летот Ахмедабад-Лондон се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во главниот град на Гуџарат.
Сите 242 регистрирани патници на летот лет AI 171 биле во авионот од моделот Боинг 787-8 Дримлајнер. По полетувањето, авионот достигнал само 625 стапки височина, потоа доживеал нагло симнување од околу и исчезнал од радарот.
Авионот се урнал во населена зона, веднаш надвор од периметарот на аеродромот, во областа Мегхани Негар, предизвикувајќи густ чад и пожар.