Најмалку 20 стратешки транспортни авиони на американските воздухопловни сили C-17A „Globemaster III“ и C-5M „Galaxy“ слетаа во воени бази на Блискиот Исток од Европа, во изминатите 24 часа, се коментира на профилот на OSTINTdefender на Икс.
Во објавата е прикажана слика од познатата веб-страница Флајтрадар24.
„Пвеќето од авионите се на САД“, се вели во објавата.
Авионите донесоа дополнителни системи за воздушна одбрана, муниција, логистичка опрема и војници, додека подготовките за евентуално американско влегување во војната на Израел со Иран влегуваат во полн ек.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во следните две недели ќе ја донесе одлуката дали САД ќе се вклучат во војанта на страната на Израел.
Флајтрадар во понеделникот објави дека, доцна во неделата на 15 јуни, повеќе од 30 американски авиони за полнење гориво доцна во неделата, 15 јуни, ги напуштија американските воени бази и се упатиле на исток.