Најмалку 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северната кинеска провинција Хебеи, а директорот на домот е уапсен, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Пожарот избувнал синоќа околу 21 часот по локално време во дом за стари лица во округот Лингхуа на околу 180 километри од Пекинг.
„Некои постари пациенти во установата се префрлени во блиските болници на преглед и лекување“, објави Ксинхуа, додавајќи дека се истражува причината за пожарот.
Фаталните пожари се релативно чести во Кина поради непочитување на градежните стандарди и мерките за заштита од пожари.