Најголем раст на извозот има кај алкохолот и тутунот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – април 2025 година изнесува 2,78 милијарди САД долари и е пониска за 2,5%  во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, во истиот период изнесува 3,98 милијарди долари и е пониска за 2% во однос на истиот период лани.

Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – април 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со  46,8 % во вкупниот обем на размената.

Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,6 % во вкупната размена.

Во овој период е забележан најголем раст на извозот на пијалаци и тутун од 29,4%.

Share This Article