Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.
Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.
Но, ова е и првпат Италијанец да го освои Вимблдон.
– Ви благодарам, но мојата кариера штотуку започна. Ќе бидам тука долго време. Не се зборуваше многу за тоа пред овој натпревар, но никогаш не сум бил во оваа позиција. Остварувањето на мојот сон е освојувањето на овој трофеј. Моментално ги живеам моите соништа – вели Синер и открива дека во последниот гем сервирал добро.
– Сервирав добро во последниот гем, па затоа сум многу среќен. Понекогаш е многу тешко во пет сета, и ја задржав смиреноста, па сега стојам тука.
Неговиот соперник Алкараз за првпат му посака успех. Алкараз кажа како се чувствува по поразот: