Доделувањето на наградите САГ привлече повеќе внимание отколку што се очекуваше. И додека славните ѕвезди се трудеа да бидат елегантни, една од нив, сепак, беше малку побизарна.
Актерката Даниел Дедвајлер со својот моден избор воодушеви некои на доделувањето на наградите САГ, а други шокираше. Едно е сигурно, таа беше единствена.
Контроверзната убавица се појави во црвен фустан од брендот „Луј Витон“. Изборот падна на фустан од тул со многу чуден крој, па сите претпоставуваа дека околу нејзиното тело се крие некаква метална конструкција која држи сè.
Новинарите дури и ја прашале дали може да седи во тој фустан.
„Не, стоиш“, рекла Даниел.
Своето необично издание го комплетирала со црвени чевли со високи потпетици и впечатливи висечки обетки, па оправдано се најде на листата на најоригинални жени на овој црвен тепих. Инаку, за изработка на овој модел биле потребни 400 часа работа.
Даниел беше номинирана за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот „Лекција по пијано“ (The Piano Lesson), но сепак, на крајот не ја освои наградата.
„Толку современ, а сепак толку класичен изглед“, вака стилистите го опишаа нејзиниот изглед, а изгледа дека Даниел успеала да стане главна тема и покрај тоа што ѝ беше ускратена наградата.