Background

Најавите на првиот човек на НАТО ги вознемириja духовите на стариот континент

Изјавата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте дека „Европа е следната цел на Владимир Путин“ предизвика вознемиреност и остра полемика во повеќе европски престолнини.
Унгарската влада денеска го повика Руте „да престане да поттикнува воени тензии“, соопшти министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Во објава на Фејсбук, тој напиша дека последните изјави на Руте се „јасен сигнал дека сите во Брисел се подредиле против мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп“, пренесе МТИ.
„Ако некој сè уште се двоумеше околу тоа дали во Брисел навистина завладеало лудило, можеше да се увери по вчерашниот говор на генералниот секретар на НАТО во Берлин“, додаде унгарскиот министер.
За време на посетата на касарната „Мија Станимировиќ“ во Ниш, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се осврна на предупредувањето за можен судир меѓу Европа и Русија за кое говореше Руте.
– Се разбира, тоа би бил многу поголем воен судир, со десеткратно или уште поголем број жртви отколку во руско-украинскиот конфликт – изјави Вучиќ.
Во Велика Британија, пак, синоќа стигна предупредување земјата да се подготви за можен вооружен судир со Русија. Министерот за вооружени сили, Ал Карнс, рече дека државата е во „воена готовност“ и предупреди дека „сенката на војната стои на европските порти“.

Како што пишува „Дејли мејл“, на отворањето на новата британска Служба за воено-разузнавачка безбедност – служба што треба да ја штити земјата од руска шпионажа и кибер-напади – Карнс рече:
– Сенката на војната тропа на европските врати, а тој воен судир може да биде поголем и покрвав од сè што сме виделе во поново време. Ако ги споредите британските жртви во Ирак и Авганистан, тоа одговара на отприлика една недела од војната во Украина. Доколку прашувате дали Британија е во воена готовност – да, погодивте.

Карнс – поранешен офицер на Кралската морнарица – рече дека Британија лани забележала 50-процентен раст на руските закани и напади. Иако точниот број инциденти е строго доверлив, министерот призна дека ги има „стотици“.

- Advertisement -
Ad image

Во Берлин, генералниот секретар Руте ги повика членките на НАТО, вклучувајќи ја и Британија, да преминат на „воен начин на размислување“ и предупреди дека многу земји се „опасно рамнодушни“, без да наведе на кои точно мисли. Руте предвиде дека Европа е „следната цел“ на Владимир Путин, нагласувајќи дека веќе се наоѓаме во зона на ризик.“

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation