На пратениците им се отвори работа пред одморите

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска.

Пратеници од владејачкото мнозинство велат дека постапката најверојатно ќе започне веднаш по констатирање на престанок на функцијата имајќи предвид дека наскоро започнуваат летните одмори, но и роковите за локалните избори во октомври.

Првата наредна седница на која би можела да се констатира оставката на Димитровска е закажана за вторник, 29 јули.

Што предвидува законот?

Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во членот 14 предвидува во случај на оставка на претседател или член на ДКСК, Собранието да констатира престанок на фукцијата.

Во ставот 6 од овој член се наведува и дека во случај на престанок на функцијата или разрешување на претседателот на ДКСК до изборот на нов претседател на комисијата, функцијата на претседател ја врши заменик-претседателот на Државната комисија, со сите должности и овластувања кои ги имал претседателот.

Во членот 7, пак, се наведува дека во случај на разрешување, односно претстанок на функцијата на претседателот, односно членот на ДКСК мандатот, Собранието најдоцна во рок од десет дена започнува постапка за избор на нов претседател, односно член на Државната комисија.

Врз основа на членот 12 став 2 од Законот Во случај на разрешување, односно престанок на функцијата на претседателот, односно член на Државната комисија пред истекот на мандатот, Собранието започнува постапка за избор на нов претседател, односно член на ДКСК во рок од десет дена од престанокот на мандатот.

Постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија започнува со објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија, а ја спроведува Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието.

Собранието го објавува огласот на овој член во „Службен весник на Република Македонија“ и во најмалку три дневни весници. Рокот за пријавување кандидати за огласот од е десет дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Македонија“.

- Advertisement -
Ad image

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието во рок од десет дена од објавувањето на огласот формира Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на ДКСК. Таа ги проверува документите и ги селектира кандидатите, и во рок од пет дена од објавувањето на листата на овој член, се организира интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите од членот 11 на овој закон кое се емитува на Собранискиот канал.

Во рок од три дена од спроведувањето на интервјуто, Комисијата за селекција утврдува ранг-листа на кандидатите согласно со утврдените критериуми и ја доставува на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, која во рок од два дена, најдобро рангираните кандидати му ги предлага на Собранието во единствена предлог листа за претседател и членови на ДКСК, со образложение за секој од предложените кандидати.

Кои услови треба да ги исполнува кандидатот за претседател или член на ДКСК?

За претседател на Државната комисија може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е македонски државјанин и да има постојано место на живеење во земјава, да има деловна способност, да има високо образование со стекнати најмалку 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки, да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во последните десет години да не било пратеник во Собрание, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија.

- Advertisement -
Ad image

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска утрово преку нејзиниот адвокат до Собранието достави оставка на фукцијата, откако минатата недела Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“ и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.

Димитровска во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.

По обвинувањата за Димитровска најнапред во случајот „Адитив“, ДКСК продолжи да одржува седници и да работи, а со неа претседава заменик претседателката Билјана Каракашова Шулев

Share This Article