На популарниот грчки остров Тасос се случил инцидент што ги згрозил и мештаните и туристите – петгодишно девојче било прегазено од дури 2 коња додека си играло во песокот. Несреќното девојче добило тешки повреди на главата и итно било префрлено во болница во Кавала, објави Србија данас.
Детето се играло на јавна плажа кога коњите, кои се користат за туристичко јавање, поминале низ делот каде што имало родители со деца. Во еден момент, коњите се приближиле без контрола и го прегазиле детето. Сè се случило неверојатно бргу, а очевидци сведочат дека сцената била морничава.
– Сè се одвиваше за неколку секунди. Слушнавме врисоци, а потоа ги видовме родителите како во паника го креваат девојчето. Беше онесвестено, а крв му течеше од носот – изјавил еден очевидец.
Девојчето претрпело фрактура на черепот и носот, а лекарите во болницата во Кавала направиле сè што можеле за да му ја стабилизираат состојбата. За среќа, по брзата интервенција, девојчето е надвор од животна опасност, но го очекува долг период на опоравување.
Грчката полиција веднаш реагирала, сопственикот на коњите бил приведен, а започната е истрага за целиот случај. Се испитува зошто коњите биле оставени без надзор и како е можно да се движеле меѓу капачи.
По овој настан, упатени се бројни апели до родителите да бидат особено внимателни, особено на плажите кои нудат дополнителни активности како што се јавање или возење животни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
