На наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово, синоќа околу 20 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ го лишиле од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, соопшти МВР.
При преглед на возилото „ауди”, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација.
МВР соопшти дека по документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава.