На најбогатиот Црногорец му е пресудена казна затвор

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Таксин Шинаватра, поранешен тајландски премиер и милијардер, уште во 2009 година зеде црногорски пасош преку скратена постапка од владата на Мило Ѓукановиќ, со што си го отвори патот за меѓународен егзил.

Сега тој мора да отслужи едногодишна затворска казна во својата земја откако неговата ќерка од истата династија беше разрешена и друга партија ја презеде власта.

Во објава на Фејсбук, тој напиша:

„Сакам да гледам кон иднината, да донесам заклучок за сè… Од денес, иако не сум слободен, сè уште имам слобода на размислување во корист на земјата и нејзиниот народ – признавање на пресудата, но и посветеност кон државата“.

Депозит во банката на братот на Ѓукановиќ

Што знаеме за Таксин Шинаватра, чија семејна династија владееше со Тајланд во последните децении? Тој направил депозит од 15 милиони евра во First Bank of Montenegro, банка која тогаш беше во сопственост на Ацо Ѓукановиќ, брат на премиерот Мило Ѓукановиќ.

Во 2017 година, купил земјиште на островот Свети Никола, дел од Которската ривиера, за сума од 24 милиони евра. Земјиштето му го продал Стaнко Цане Суботиќ, пријател на Мило Ѓукановиќ, а развојните планови ги изработува компанија под капа на Ацо Ѓукановиќ.

Законот за државјанство во Црна Гора дозволувал доделување државјанство на лица „од посебен интерес“, вклучувајќи економски инвестиции во милиони евра.

Бегал, се вратил, пак пробал да избега во Дубаи

Со пасошот од Црна Гора избегал од затворска казна во Тајланд и над една деценија живеел во самонаметнат егзил. Неговото црногорско државјанство било доделено токму во време кога бил обвинет за корупција.

По враќањето во Тајланд во 2023 година, Шинаватра веднаш беше приведен, но префрлен во болница. Судот оцени дека тоа било намерен потег за да избегне вистинска казна. Судот утврди и дека неговото шестмесечно лечење во болница не било оправдано од медицинска гледна точка, туку служело како тактика да избегне атвор.

- Advertisement -
Ad image

По ова, Врховниот суд во Тајланд му наложи да ја отслужи цела годишна казна, бидејќи болничкиот престој не се смета за дел од казната.

Интересно е што додека се обзнануваше судскиот исход, се потврди дека тој ненадејно ја напуштил Тајланд и отпатувал за Дубаи, само неколку дена пред пресуда која можела да го однесе во затвор. Отсуството предизвика шпекулации дека повторно тргнал по бегство, иако тврдеше дека заминал по медицински причини и дека планира да се врати.

Судот оцени дека неговата постапка била сериозен обид да се избегне исполнување на судската одлука.

- Advertisement -
Ad image

Скандали ја тресат целата династија

Во сенката на оваа декадентна епизода, јавноста се потсети и на неговата ќерка, Петонгтарн Шинаватра, која до неодамна беше премиерк на Тајланд, а беше разрешена само по 10 месеци откако се дозна дека по телефон му се обраќала со „чичко“ на премиерот на Камбоџа.

Телефонскиот разговор меѓу Петонгтарн и премиерот на Камбоџа се случил летово кога двете земји имаа осумдневна војна во граничната зона.

На местото на Петонгтарн застана Анутин Чарнивиракул, искусен политичар во чиј мандат како министер за здравство била легализирана марихуаната, што му донесе прекар „Крал на канабисот“.

Тој веднаш се позиционира како конзервативен реставратор, ветувајќи нови избори, уставни реформи и стабилност во време кога Шинаватрите се соочуваат со слабеење на моќта.

Share This Article