Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето дете.
Ова е нејзиното прво дете со нејзиниот партнер Хоаким Валенте, а според пишувањата на „Пејџ сикс“, и мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето сè уште не се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали ќе имаат момче или девојче.
Веста дека Жизел е бремена на 44 години привлече големо внимание, а папараците неуморно ја следеа во текот на целата бременост. Како што претходно беше објавено, Жизел ги испланирала деталите за породувањето, а според пишувањата на медиумите сè поминало без проблеми.
Инаку, светскиот топ модел Жизел Бундшен има две деца од бракот со поранешниот американски фудбалер, а сега коментатор на „Фокс“, Том Брејди. Манекенката и спортистот се разведоа во 2022 година по 13 години брак.
Жизел и тренерот по џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни 2023 година.
– Тие беа добри пријатели на почетокот. Таа е многу внимателна во врска со тоа и сакаше да држи сѐ во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека поминуваше низ разводот. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод – изјавилизвор за странските медиуми.
Тие првпат се најдоа на насловните страници во февруари 2022 година, кога манекенката сподели видео од тренингот со Валенте на Флорида. Подоцна истата година, тие поттикнаа гласини за врска во текот на посетата на провинцијата Пунтаренас во Костарика, само две недели откако беше финализиран разводот на Жизел од НФЛ ѕвездата Том Брејди.
Во текот на следните неколку месеци, парот беше виден како излегува заедно. Меѓутоа, Жизел потоа негираше дека има романтична врска со Хоаким.
„Мислам дека сите ќе ме поврзат со некого во овој момент, бидејќи сум разведена“, изјави тогаш манекенката за „Ванити фер“.