На концерт во Монтреал, славната пејачка Шакира (48) доживеа несреќа и падна на сцената во текот на изведбата на својот познат хит „Whenever, Wherever“, но бргу се прибра и продолжи со настапот.
Колумбиската музичка ѕвезда во моментот е на светската турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, на која го промовира својот нов албум „Las Mujeres Ya No Lloran“.
Шакира во последните недели настапуваше во САД и во Канада, а токму во Канада се случи незгодниот момент, кој можеше да резултира со повреда.
Шакира се лизна и падна додека пееше еден од своите најголеми хитови. Сè поминало без сериозни последици – таа бргу станала, се истресла и продолжила како ништо да не се случило.
Нејзиниот професионализам предизвика бран пофалби на социјалните мрежи – многумина ја нарекоа „вистинска шефица“. Некој загрижен напишал: „Се надевам дека не се повредила. Ваквите падови предизвикуваат болка и повреди следното утро“.
Сепак, обожавателите немаа причина за грижа – Шакира ја продолжи својата турнеја, без никакви проблеми и одржа концерти во Детроит, Чикаго и во Торонто.