Background

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание на УКИМ е направена значајна измена во Правилникот за содржината и формата на дипломата, упатството за подготовка на додаток на дипломата и на другите јавни исправи

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание на УКИМ е направена значајна измена во Правилникот за содржината и формата на дипломата, упатството за подготовка на додаток на дипломата и на другите јавни исправи, објавена во Службен весник на РСМ, бр. 67 од 28.3.2025 година.

Оваа измена овозможува воведување електронскиот индекс, надминувајќи ја долгогодишната административна пречка која го попречуваше овој процес. На иницијатива на УСС-УКИМ беше поднесено барање до Министерството за образование и наука за ревидирање на регулативата, со што се отвори патот кон модернизација на академската администрација.

Со ова, студентите во Македонија ќе добијат поефикасен и транспарентен образовен систем, ослободен од непотребни бирократски процедури. Долгите редици пред студентските служби и употребата на хартиени индекси наскоро ќе бидат минато.

- Advertisement -
Ad image

– Како студентски претставници, остануваме посветени на унапредување на студентските права и модернизација на академските процеси. Воведувањето на електронскиот индекс не е само техничка промена – туку суштински чекор кон поедноставен административен тек и подобра достапност на информации за сите студенти. Оваа реформа е важна за целата академска заедница – велат студентите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation