На хрватските социјални мрежи се појави огромна дебата: Crew, креативна Тик-Ток агенција, одлучи да вработи 14-годишна инфлуенсерка. Овој потег го објави на LinkedIn Дарио Марчац, директорот на компанијата.
„Ана е моментално нашата најмлада креаторка во тимот. Со само 14 години, таа се приклучи на Crew, со голема поддршка од нејзините родители. Таа се фокусира на GRWM (get ready with me) содржина, кратки видеа во кои ја покажува својата утринска рутина, рутина за нега на кожа и аутфит. Покрај тоа, таа снима и видеа во кои покажува трендовска облека и ги дава своите коментари и впечатоци“, пишува Марчац.
„Ако целите на ученици од основно или средно училиште…“
Јасно очекувајќи контроверзност, првиот човек на компанијата во објавата истакнал дека Ана ги снима своите видеа со своите родители. Како што тврди, покрај тоа што проверуваат што објавува Ана, тие ѝ помагаат и да развие концепти за нови снимки и објави.
„Иако е сè уште многу млада, преку овој начин на работа таа развива креативност, одговорност и начин на размислување на креатор, наместо само да биде пасивен консумент на содржина. Ако вашата целна група се ученици од основно училиште или оние што штотуку почнуваат средно училиште, Ана е одличен избор за брендови кои сакаат да допрат до таа публика“, вели тој.
„Тоа е загрижувачки“
Објавата беше претежно дочекана со критики.
„Промовирање на таргетирање на децата како пожелна маркетиншка стратегија? Сериозно? Тоа не е ниту иновативно ниту етичко, тоа е загрижувачки“, напишал еден корисник.
Некои истакнуваат дека самиот концепт на таква деловна соработка е етички сомнителен, додека други наведоа дека проблемот лежи во самата содржина: „14 години таа продава и рекламира производи снимајќи ја нејзината рутина за нега на кожата и облеката… Без оглед на фактот дека нејзините родители го надгледуваат сето ова, не ми е баш за пофалба“, беше еден од десетиците слични коментари.
„Не ја разбираме разликата помеѓу детските интереси и експлоатацијата“
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.