На грчкиот остров Парос, силна бура го наруши престојот на туристите и им го отежна движењето.
Поради обилните дождови и силните ветрови, патниците тешко стигнаа до бродовите, а ниту чадорите ниту мантилите не им помогнаа многу.
Обилниот дожд врнеше само 15 минути, но предизвика многу проблеми.
Според прогнозата, времето ќе се стабилизира во наредните денови, со повремена облачност и ниска температура од 17 степени во четврток.



























