На данскиот министер не му се допаѓа тонот на американскиот потпретседател за Гренланд

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен денеска со видеопорака одговори на критиките на американската администрација за данското управувањето со Гренланд.

„Отворени сме за критики, но, да бидам искрен, не го цениме тонот на кој беа кажани“, истакна Расмусен во видеото на англиски јазик објавено на платформата Икс.

Тој додаде дека на тој начин не се разговара со блиските сојузници, а според него Данска и САД и понатаму се блиски сојузници.

„Договорот за одбрана од 1951 година им дава на САД бројни можности за посилно воено присуство на Гренланд. Ако тоа е она што го сакате, ајде да разговараме за тоа“, истакна Расмусен.

Одговорот од Данска уследи по еднонеделните тензии поради најавата за посета на американска делегација на автономната данска територија Гренланд. Вчера попретседателот на САД Џеј Ди Венс ја посети американската воена база во Питуфик, од каде упати критики дека Данска не инвестирала доволно и го запоставила островот.

И премиерката на Данска, Мете Фредериксен синоќа одговори на „нефер“ критиките од Американците, потсетувајќи дека Данска отсекогаш била на американската страна во „тешките ситуации“, алудирајќи на учеството во воените коалиции во Ирак и Авганистан.

Данска во јануари соопшти дека ќе одвои речиси 2 милијарди евра за зајакнување на своето присуство на Арктикот и Северен Атлантик.

Share This Article