Топ Вести - Слушај сега
На 48-годишна возраст почина актерот Џејмс Ван Дер Бик, најпознат по улогата во американската тинејџерска драма „Dawson’s Creek“. На актерот му беше дијагностициран рак на дебелото црево, во втората половина на 2023 година, но веста ја откри дури во ноември 2024 година, пренесува „Пипл“.
Последен пат се појави во декември 2025 година во телевизиско интервју за „Today“ со Крег Мелвин“, каде што отворено зборуваше за своето здравје и влијанието што дијагнозата го имала врз неговиот живот.
Во интервјуто тој рече дека ракот е „дар“ во многу аспекти од неговиот живот и откри дека се чувствувал „многу, многу подобро“ отколку што се чувствувал со месеци претходно.
– Кога ја слушнав веста, си помислив, ова ќе биде најдоброто нешто што ми се случило. Имав еден мал глас во главата што ми велеше, ќе направиш промени во твојот живот што никогаш, ама баш никогаш не би ги направил ако немаше ваква екстремна дијагноза, и тоа ќе додаде здрави, среќни години во твојот живот.
Се чувствувам многу, многу подобро отколку пред неколку месеци. Беше подолго патување отколку што некогаш мислев дека ќе биде. Потребно беше повеќе од мене – повеќе трпение, повеќе дисциплина, повеќе сила отколку што знаев дека имам. Знаев дека сум силен – не знаев дека сум толку силен. Но, се чувствувам добро – рече тој.
Нашиот сакан Џејмс Дејвид Ван Дер Бик мирно почина утринава. Своите последни денови ги дочека со храброст, вера и достоинство – соопшти семејството преку неговите социјални мрежи.
Актерот и татко на шест деца играше во многу популарни серии и филмови во доцните 90-ти и почетокот на 2000-та, вклучувајќи го култниот „Dawson’s Creek“ и филмот „Varsity Blues“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
