Background

Музичките ѕвезди по 20 години „потпишаа“ примирје

Светските музички ѕвезди Мадона и Елтон Џон објавија дека се помириле по повеќе од 20 години кавга поради навредливите зборови кои британскиот пејач јавно ги изнел на сметка на американската пејачка.

„Конечно ги закопавме воените секири“, напишала Мадона на Инстаграм, под фотографијата на која двајцата се прегрнати.

Минатиот викенд пејачката отишла да се соочи со Џон во бекстејџот за време на неговиот настап на „Сабота вечер во живо“ на „Ен-би-си“, по што брзо се помириле.

- Advertisement -
Ad image

– Кога го сретнав, првото нешто што тој ми го кажа беше „Прости ми“, а потоа се урна ѕидот што постоеше меѓу нас. Простувањето е моќно оружје и по неколку минути се прегрнавме – раскажала Мадона.

Елтон дури и рекол дека ѝ напишал песна и дека сака да соработуваат. Пејачот исто така ја објавил истата заедничка фотографија со натпис: „Момент на исцелување“.

Пејачката откри дека кога била во средно училиште присутвувала на неговиот концерт во Детроит, што било незаборавно искуство кое го обликувало нејзиното разбирање за музиката.

– Со децении ме болеше тоа што некој на кој му се восхитував јавно изјави дека не ме цени како уметник – додала Мадона.

Нивниот конфликт настанал за време на доделувањето на „Q“ наградите во 2004 година, кога Елтон со навредливи зборови ја искритикувал Мадона затоа што пеела на плејбек на доделувањето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation