Познатиот колумбиски пејач Малума покажа загриженост поради присуството на едногодишно дете кое неговата мајка го донела на неговиот концерт во Мексико Сити минатиот викенд, дури и без заштита за ушите.
Додека настапувал, 31-годишниот пејач ја прекинал музиката и ѝ се обратил на мајката во публиката. Во видеото што брзо се прошири на интернет, Малума прво прашува за возраста на детето, а потоа ја критикува ситуацијата со сериозен тон.
– Дали мислите дека е добра идеја да донесете едногодишно бебе на концерт со толку високи децибели? Тоа дете дури и не знае каде е. Следниот пат, заштитете му ги ушите или направете нешто, бидејќи ова е сериозно. Тоа е ваша одговорност – вели Малума во видеото.
Повикувајќи се на сопственото искуство како родител, пејачот додава:
– Ја тресеш како играчка овде. Искрено, дете не треба да биде тука. Го кажувам ова со сето должно почитување и љубов… сега кога самиот сум татко, никогаш не би ја довел ќерка ми на концерт. Следниот пат, бидете повнимателни.
Малума, кој има едногодишна ќерка по име Парис, добил овации од публиката, која целосно ја поддржувала неговата реакција.
Видете го видеото подолу.