Топ Вести - Слушај сега
Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“, на авторот м-р Илија Василески, ќе биде отворена во среда, 18 март, со почеток во 19:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност.
Лазар Соколов е учесник во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945) и еден од втемелувачите на современата македонска држава на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.
Преку богат музејски материјал што содржи фотографии, документи, лични предмети, но и досието водено од Управата за државна безбедност на Социјалистичка Република Македонија, изложбата го документира животниот пат на македонскиот интелектуалец кој оставил силен белег врз политичките и економско-социјалните прилики во периодот на создавањето на македонската држава.
Експозицијата опфаќа повеќе аспекти од активизмот на Лазар Соколов, како доктор по економски науки образован на Универзитетот во Загреб, учесник во Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941-1945), член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, повереник на народното стопанство и економска обнова, пратеник во Народното собрание на Македонија и плоден научник оставајќи зад себе голем опус од областа на економските науки.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до средината на април.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
