Background

Муцунски од Варшава порача дека очекува предвидливост на патот кон Унијата

Во рамки на работната посета на Република Полска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски.

На заедничката прес-конференција, министерот Шикорски ја истакна силната и принципиелна поддршка на Полска за европската интеграција на Северна Македонија и регионот, нагласувајќи дека интеграцијата на Западен Балкан претставува „недовршена работа“ за Европската Унија.

– Интеграцијата на Западен Балкан ја сметам за недовршена работа. Европа треба да биде целосна и слободна, а Западен Балкан треба да биде дел не само од нашиот сојуз на кој веќе сме членови, туку и од нашето европско семејство. На оние што се сомневаат во процесот или во неговата цел, им порачувам да си постават прашање: што би сакале да бидат – граѓани на Европската Унија, со владеење на правото, предвидливост, фер судови и стабилна внатрешна и надворешна политика, или дел од алтернативни интеграциски процеси? – истакна Шикорски.

- Advertisement -
Ad image

Полскиот министер го нагласи и придонесот на Северна Македонија во поддршката на Украина, оценувајќи ја како значајна и солидарна во клучните моменти од почетокот на конфликтот.

Министерот Муцунски нагласи дека процесот на проширување не беше потпомогнат од постојаниот бран на билатерализација, што, како што истакна, ја попречи доследната политика на проширување и претставува еден од клучните предизвици за напредокот на земјата.

– Накратко, ќе го направиме нашиот дел од домашните реформи. Како Влада силно ја испорачуваме реформската агенда и целосно сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Ова не го кажувам од позиција на пркос, туку од позиција на самопочит. Она што го бараме и очекуваме е предвидливост на тој пат и почит кон нашиот јазик, идентитет и нашиот поглед на историјата – истакна Муцунски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation